Талентираната уметница за шминка, претставува шминка која буди во нас спомени од детството!
Шминката, исто така, може да биде уметничко дело. Доказ за ова е “terrarium eyes”. Покрај цветните мотиви, во изминатава година видовме ајлајнер инспириран од еднорози, цвеќиња и многу други интересни идеи за шминка, кои се одлично решение за разни фестивали.
Уметницата Тал Пелег (@tal_peleg) одлучи да ги пренесе своите илустрации од хартија на кожата на лицето, посебно на очните капаци. Таа црта неверојатна шарена шминка со ликовите од бајките и детските филмови!