На модната недела во Њујорк, брендот ја претстави новата колекција за сезоната пролет / лето 2018 година. Дизајнерот повторно се повика на американската класика – униформи, каубои, поп-арт и филмови на Хичкок.
Во претходните сезони, во колекциите на Келвин Клајн доминираа каубојски чизми и фармерки. Сега Раф Симонс е инспириран од естетиката на 50-те, хорор филмовите и претстави силуети и работни комбинезони инспирирани од делото и филмовите на Енди Ворхол во “noir” стилот.
Графиката со лицата на младата Денис Хопер и Сандра Брант, темно-црвениот латекс и белата ткаенина со “крвави” точки, се инспирација од психолошките трилери на Хичкок. Исто така и проѕирните наметки што личат на големите спаваќици кои потсетуваат на адаптацијата на трилерот “Кери”. Симонс успеа да создаде атмосфера на застрашувачки и атрактивен филм на пистата, со помош на уметникот Стерлинг Руби.
“Американскииот хорор и американската убавина” – ова е темата на новата колекција, а Раф Симонс повторно ја прослави новата сезона на вистински американски начин.