По минатогодишната манифестација во Париз, Victoria’s Secret Fashion Show 2017 патува во Шангај …
Ова ќе биде прв пат оваа модна ревија да се одржи на азискиот континент. Телевизискиот пренос ќе биде достапен во повеќе од 190 светски земји. Ревијата која сите со нетрпение ја очекуваме, повторно ќе биде уникатен спектакл, кој ќе ни понуди комбинација на заведување, елеганција, сензуалност и шарм.
Брендот Victoria’s Secret е најпознат по долна облека, како и нивните ревии кои подеднакво ги обожуваат мажите и жените, од очигледни причини. Ревијата ќе се одржи на 28-ми ноември.
Како што знаете, оваа ревија е придружувана од перформансите на светските познати ѕвезди, а оваа година допрва ќе ги дознаеме имињата. Во претходните години, на пистата покрај ангелите се најдоа Тејлор Свифт, Ријана, Кети Пери, Викенд и други.
На пистата ќе продефилираат Адријана Лима, Кендис, Елса, Тејлор Хил, Карли Клос, Кендал Џенер и Џиџи Хадид, кои го потврдија своето присуство.