ОВЕН
РАБОТА – Имате силна потреба за докажување. Во текот на оваа недела може да направите поголем пресврт во вашата кариера. Новото опкружување ја буди во вас енергијата, а вие сте полни со идеи.
ЉУБОВ – Јасно знаете што сакате во врската што трае. Ве преплавува одушевувањето, ентузијазмот и силната желба за спојување со одредена личност.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.
БИК
РАБОТА – Биковите оваа недела, ќе се фокусираат на решавање на проблемите од минатото. Колку побрзо го исчистите минатото, побрзо ќе влезете во еден многу удобен и успешен бизнис период, кој ќе ви донесе подобар финансиски резултат.
ЉУБОВ – Ако ви пречи некоја битна разлика помеѓу вас, дадете повеќе време за себе и за вашиот партнер. Во вашиот живот се појавува помлада личност.
ЗДРАВЈЕ – Работете на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА – Ќе ви биде многу интересно, а во исто време и полезно, знаењето кое ќе го прифатите оваа недела. Работите полека доаѓаат на свое место, како што очекувавте.
ЉУБОВ – Многу од вас размислуваат за старата љубов. Секако, нагласено е сè што има некоја симболика со минатото. Избегнувајте конфликти во бракот или во долгата врска.
ЗДРАВЈЕ – Хранете се поздраво.
РАК
РАБОТА – Времето е исклучително добро за за заминување во странство и за некое ново искуство.
ЉУБОВ – Вистинско освежување во вашиот љубовен живот, ќе биде лицето кое работи нешто невообичаено. Во другите врски или бракови, може да се појави љубомора.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.
ЛАВ
РАБОТА – Успешно ќе ги завршите сите започнати работи оваа недела. Ова е само почетокот на голем препород, но под услов, да ја претворите својата внатрешна енергија во позитивна.
ЉУБОВ – Ова може да биде клучно време за браковите и долгите врски. Ако не дојде ни до какво подобрување во односите, повеќето од вас, дефинитивно ќе останат на истото.
ЗДРАВЈЕ – Добро.
ДЕВИЦА
РАБОТА – Завршете сè што сте започнале и ќе имате поддршка од колешките со кои работите, се со цел да бидете поуспешни.
ЉУБОВ -Кај поголемиот дел Девици, уште е актуелна старата љубов, која во вас ја буди довербата и комфорот, како и стаболноста.
ЗДРАВЈЕ – Мали главоболки.
ВАГА
РАБОТА -Подготвени да ги прифатите објективнитенастани, можете да воспоставите добар контакт со вашите соработници, што ќе ви донесе искрена поддршка.
ЉУБОВ -Случајните средби и познанства, можеби на работа, се најмногу ветувачки. Овде самите околности одат рака под рака и на вашиот животен пат ја донесуваат вистинската љубов.
ЗДРАВЈЕ – Хранете се поздраво.
ШКОРПИЈА
РАБОТА – Во соработка со супериорниот со кого работите, резултатите се побрзи отколку што очекувавте, што ве прави среќни и ви дава поголема доверба.
ЉУБОВ – Влегувајќи во тајна врска, ќе можете да ја заборавите вашата стара љубов. Но, никако не ви се препорачуваат личности кои не знаат што сакаат од вас и од своите животи
ЗДРАВЈЕ – Вежбајте повеќе.
СТРЕЛЕЦ
РАБОТА – Приватните бизнисмени можат да очекуваат подобрување на бизнисот. Неочекувано пресврт и прилив на пари оваа недела.
ЉУБОВ – Вие сте тие кои избирате, и овој пат точно знаете што сакате и тоа ќе го добиете. Не се согласувајте на ништо помалку од очекуваното.
ЗДРАВЈЕ – Можна алергија.
ЈАРЕЦ
РАБОТА – Сега имате можност да исправите некоја неправда што ви е направена на работното место, затоа што го изгубивте она што го заслуживте.
ЉУБОВ – Ако сте одделени од вашиот партнер долго време, најдете начини да се сретнете, бидејќи, далеку од очи – далеку од срце.
ЗДРАВЈЕ – Повеќе пешачете.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА – Ќе имате прилив на средства преку странска компанија. Гледајте паметно да ги вложите во сопствен бизнис.
ЉУБОВ – Најпосле сфативте дека местото ви е покрај оној што ве сака. Фантазиите се минато.
ЗДРАВЈЕ – Добро.
РИБИ
РАБОТА – Соработка прифате само од луѓе кои веќе се покажаа успешни, одговорни и упорни. Веќе знаете што ќе ви донесе добар резултат.
ЉУБОВ – Тоа на што треба да обрнете внимание, за да се заштитите од непотребните разочарувања е внимателно да размислите дали сте подготвени да стапите во контакт со зафатен партнер.
ЗДРАВЈЕ – Можна алергија.