Ви ги претставуваме идеалните идеи кои можат да ви помогнат да го подготвите вашиот дом за претстојната есен и зима …
Секој од нас има задача која треба да ја заврши пред крајот на летото, подготвувајќи ја својата куќа за менување на годишните времиња. Сепак, не грижете се, листата за одржување на домот која ви ја презентираме, пред сè, доаѓа како забавна група на дизајнерски елементи.
Есента доаѓа многу брзо и најдобро е да го подготвите вашиот дом за постудената сезона, додека временските услови се сеуште релативно добри. Ако сте ориентирани кон вашите цели, изборот на пред-сезонски начин за одржување на домот, може да дојде како вистинска награда за време на вашите слободни денови или можеби на крајот на вашиот одмор.
Кречење
Ова време може да биде солидно за освежување на вашите ѕидови. Времето е сеуште доволно топло и можете да ги оставите отворените прозорците и вратите, така што воздухот полека ќе ја исуши полудисперзијата. Можете вашите површини да ги искречите со еколошки исправни формули кои се без мирис и се состојат од минимални количини на штетни соединенија.
Проверете и поправете ги празнините
Можете да ги решите различните загуби на воздухот, што предизвикуваат и создаваат далеку помала енергетска ефикасност во просторот, а се што е потребно е внимателно да ги проверите сите површини низ кои може да навлезе студениот воздух или топлиот да излезе.
Пополнете ги овие неправилности со надворешните компоненти наменети за овие прилики и бидете сигурни дека материјалите што ги користите за затворање на дупките се како бојата од фасадата.
Подгответе го каминот
Добро погледнете ги вашите камини и други грејни тела, приклучоци и сите нивни компоненти или повикајте квалификувани и препорачани професионалци за да овозможите правилно чистење пред да почнете да ги користите повторно. Исто така, сега може да биде совршен момент за нарачување на огревот.
Исчистете ги олуците
Ако живеете во куќа и имате одводи за дождот, добро очистите ги од ситни гранчиња, разни видови нечистотија и одржувајте го системот до почетокот на зимата и пред почетокот на дождовната сезона. Оштетените олуци на одредени места може да доведат до оштетување на темелот или фасадата, штуко елементите и покривот, како и други останати надворешни компоненти.
Подгответе зимска гердероба и постелнина
Изберете еден сончев или со ветер ден за да се забавувате со постелнината, прекривките, перниците, теписите, јорганите и сè што било одложено во текот на пролетта и летото. Ултравиолетовата светлина и сончевите зраци претставуваат силно дезинфекционо средство. Изложете ги своите јоргани, ќебиња и теписи на свежиот есенски воздух и сонце, за да ги неутрализирате непријатните мириси и влагата.
Направете го вашиот простор поудобен со есенски ткаенини…
Добриот избор на есенски ткаенини вклучува: кадифе, велур, сомот, вештачка кожа, вештачко крзно и микрофибер. Клучот е да се создаде успешен дизајн кој првенствено е слоевит. Во текот на есента и зимата, важи мотото – повеќе е подобро, па затоа не треба да се двоумете кога се во прашање крзнени покривки, повеќе перници и комбинација на бои и материјали со меки влакна. Додадете повеќе текстури, заради потопла и попријатна атмосфера.