Научниците измислија нов вид на чоколадо!
По осумдесет години, имаме иновација во областа на чоколадото. Швајцарскиот производител на чоколадо Barry Callebaut произведува чоколадо од Ruby какао во прав, кое е одговорно за неговата боја.
Според зборовите на прозведувачот, Руби чоколадото е со природна боја има природен вкус кој не е горчлив, сладок или млечен, но во вкусот се чувствува мешавината од ситното шумско овошје.
“Руби чоколадата е поинаква, освежува и има лесна, кремаста текстура”, изјави Агнус Кенеди, експертот за чоколади.
“Вкусот е лесен и овошен, така што не сфаќате дека јадете чоколадо, потрошувачите ќе можат да го јадат повеќе од другите видови на конвенционално чоколадо.
Без разлика дали тоа е добра или лоша работа зависи од вашата гледна точка. ”
Новото чоколадо беше претставено вчера на настанот во Шангај, иако датумот кога ќе се продава чоколадо се уште е непознат, компанијата објави дека чоколадото наскоро ќе биде достапно низ целиот свет.