Кожните јакни се непходен дел од нашата гардероба, со години. Ги носиме во опуштени и свечени варијанти, долги или пократки, во скоро сите сезони. Оваа есен, кожните јакни добиваат нов изглед – металик боја!
Одлично им прилегаат на црнките, како и на русокосите, токму затоа се направени во сребрени, златни и бакарни нијанси, за сечиј вкус и тен.
Не плашете се да ги носите на работа, бидејќи совршено се вклопуваат во деловниот изглед, кој ќе го освежите со оваа јакна. Ако во вечерните часови сакате да носите пуф-здолниште a-la-Carrie-Bradshaw, не ја заборавајте вашата омилена металик јакна!