Секоја јувелирска колекција која е креирана од брендот Van Cleef & Arpels има своја специфична тема …
Овој реномиран француски бренд обично избира конкретен камен или интересен извор на инспирација за своите нови креации. Најновиот пример за ова е новата колекција Van Cleef & Arpels Le Secret, која претставува совршена комбинација од скапоцени камења и се базира на механички визии, инспирирани од природата.
Инспирирана од природата и амајлии, колекцијата “Le Secret” нè потсетува на тајна градина на скапоцени камења со бујна цвеќе, егзотични дрвја, песната на птиците и јато од пеперутки. Мајката природа, дефинитивно е најталентираниот дизајнер.
Колекцијата е шармантна, изненадувачка и луксузна, во согласност со долгогодишната традиција на брендот Van Cleef & Arpels, во создавањето на јувелирските симболи кои стануваат необични талисмани, сеќавања и лични богатства.