Оваа година во центарот на вниманието на филмскиот фестивал во Венеција, се најдоа глумците Џејн Фонда и Роберт Редфорд.
Тие взаемно си честитаа за примањето на наградите за животно дело и воедно го промовираа нивниот заеднички нов филм “Нашите души, ноќе” (Our Souls at Night). Нивното појавување на подиумот предизвика бура од одушевување и нивната прес конференција беше вистинсо откритие за нивните животни моменти, за кои многу малку знаеме.
Филмот доби извонредни критики и предизвика голем интерес. Во филмот се работи за љубовна приказна помеѓу двајца возрасни луѓе, во трето доба (Џејн Фонда 79 и Роберт Редфорд 81).