Kaко што се приближува есента, светските модни списанија и уредници препорачуваат кој стил на чевли ќе биде најпопуларниот.
Постојат неколку дизајни на чизми кои ќе доминираат во есенските денови, но според фотографиите на многу познати ѕвезди, едни чизми ќе бидат апсолутен хит -тесни над коленото.
Иако овие чизми се популарни од претходните сезони, новите верзии се уште подобри.
Овие чизми можат да бидат од кадифе, латекс, кожа, чипка, лак или велур, со висока пета или рамни, со шпиц или обли и можат да се вклопат во голем број на комбинации. Можете да ги носите со ултра кратко мини здолниште, фустан, маичка, џемпери, преку тесни фармерки… Апсолутно сè доаѓа во предвид.