Мега популарната Кендал Џенер, е ѕвезда на уште една модна кампања. Луксузниот италијански бренд La Perla ги изненади сите љубители на модата со ултра женствената и сензуална кампања за есен / зима од 2017 година.
Брендот се обидува да се промени и да примени поиновативен пристап кон дизајнот, што се рефлектира во оваа колекција, која се состои од долна облека, но исто така и современи парчиња како што се фустани, топови и костими.
На фотографиите, Кендал позира во различна средина. На првата слика таа лежи на маса опкружена со цвеќиња и плодови, облечена во боди од циклама тантела, која е добро вклопена со папучите во иста боја.
На втората фотографија ја гледаме во сензационален бел, убав фустан со длабоко деколте. Овој пат е опкружена со сценографија како од бајка – зеленило и цвеќе.
Третата фотографија ја прикажува Кендал во женско сиво одело, кое е извезено со цветни детали, со црни чизми до глуждот, додека околината делува како рајска градина. Цветната средина е одличен избор за цветниот дезен кој е атрактивен детал на оваа комбинација.
Брендот исто така ни претставува и модни детали како што се црната чанта што се гледа на една од фотографиите направени во градината во Милано, а главната инспирација на кампањата беа англиските цветни градини исполнети со прекрасни бои.
Кендал оваа година привлече неверојатно внимание на медиумите со појавувањето на МЕТ гала настанот во смел фустан, не оставајќи место за имагинација. Фустанот е од колекцијата La Perla Couture и е украсен со 85.000 кристали.