Стаклени скулптури во вид на крвни садови, срца и корени се дело на францускиот уметник Etienne Meneau.
Секое стаклено шише од серијата e „Strange Carafes“ е рачно надуено и додека многу од нив се технички функционални, некои од нив служат како скулпторски објекти, додека виното е затворено. Длабочината и дијаметарот на секое парче е таква што совршено одговара на количина од 750 ml вино.
“Мојата работа е комбинација на природата и геометријата, сакам да им дадам живот на предметите, тоа е иницијатор на мојата инспирација и мојот дизајн. Целата серија е жива геометрија и алгебра “, изјави францускиот уметник.
Иако изгледаат неблагодрно за перење и одржување, дизајнерот тврди дека миењето е многу лесно, како и со секое шише или вазна.