Новата кампања на Zarа се нарекува ”Timeless”, а овој бренд уште еднаш докажува дека во создавањето на модата мислат на сите.
Три протагонистки на новата кампањи ”Timeless”, ја презентираат својата визија за модата и годините. Сите по ред, постари од 40 години, се горди што ја презентираат колекцијата која содржи класична облека, но никако досадна и обична.
Кристина Конек има 53 години и својот моден интерес го пронаоѓа во филмовите и костимографијата.
Малгос Бела има 40 години и сега е повеќе задоволна отколку што била пред 10 или 20 години, а истакнува дека со годините ментално се повеќе се подобрува.
Јасмин Варшаме има 41 година и за неа патувањата значат сè. Таа верува дека запознавањето на нови луѓе, култура и ситуации е најдобриот начин за растење и напредување како личност.