Модниот свет често зборува за “инвестициски парчиња” кои наводно, ќе ве придружуваат низ целиот ваш живот и сите модни и стилски промени.
Едно од овие инвестициски парчиња е сигурно добра торба. Такво внимателно избрано парче не само што може да трае вечно, туку и да стане вредно како семејно наследство. Иако се скапи, ова се шест класични торби кои можете да ги имате целиот свој живот.
Celine Box
Луксузниот француски бренд Селин, обожуван меѓу модистките во светот, пред неколку години ги распамети со торбата Celine Box. Достапна во различни бои и две големини може да биде ваша за нешто под $ 4000.
Chanel Clasic Flap торба
Иако наликува на торбата Chanel 2. 55, flap торбата е современа варијанта на Karl Lagerfeld. Разлика е најочигледна на логото што се наоѓа на копчата.
Во 1955 година, цената на Chanel 2.55 торба беше само 220 долари, а денес оваа торба чини над 6000 долари.
Christian Dior Lady
И денес е извонредно популарна торбата Christian Dior Lady. Торбата е изработена од скапоцени материјали, настаната во 1994 година и беше една од најсаканите чанти на Lady Di. Зависно од бојата и големината, може да биде ваша за нешто помалку од 3 илјади долари.
Hermes Birkin
Славна чанта на Hermes – Birkin, е дизајнирана откако директорот на Хермес седеше во авионот покрај Џејн Биркин, по што и го добила името. Денес за скапоцената торба од најфините материјали, постои листа на чекање.
Prada Galleria
Позната и како Saffiano Lux торба, прекрасната, елегантната и издржливата Prada Galleria торба е со почетна цена од 1 300 долари.
Fendi Peekaboo
Торбата Fendi Peekaboo е лансирана во 2009-тата година. Својот врв го доживеа 5 години подоцна, а денес е култна торба која секоја модистка ја има во плакар, и тоа барем во една боја. Едноставната торба со копче на средината овозможува едноставно наоѓање на сè што се наоѓа во неа. Почетната цена е 1 550 долари.