Дали овој тренд, кој се базира на удобни свилени парчиња е идеален за носење или сепак треба да го избегнуваме? Во тоа секако може да ни помогне стилот на познатите ѕвезди!
Овој стил и генерално тренд, се карактеризира со облека што одава впечаток на комфор и удобност со суптилна доза на луксуз и елеганција. Општо земено, овие парчиња се изработени од свилени и кадифени материјали, а најголемото внимание го привлекуваат сексите слип фустани и одела, кои на прв поглед личат на скапи пижами. Тие доаѓаат во различни варијанти, но нам најмногу ни се допаѓаат во комбинација со високи штикли и богати модни додатоци. Овој тренд најдобро е да се носи за вечерно излегување, но исто така може да се носи и кога станува збор за формални и деловни ситуации.