Сместен во стара камена куќа во близина на Kraljičinа stolicа, овој ресторан освен своите кулинарски специјалитети нуди и поглед на Медитеранското зајдисонце, кое ви го одзема здивот …
Првиот ресторан Nobu е отворен во 1994 година како бизнис партнерство помеѓу готвачот Nobu Matsuhisa и неговите партнери – актерот Robert de Nirо продуцентот Meir Teper и реставраторот Drev Nieporent. Оваа гастрономски франшиза сега се шири на пет континенти и на 22 меѓународни локации, како што се Лондон, Токио, Москва, Милано, Дубаи, и многу други.
Овој синџир на ресторани New-style на јапонската кујна, неодамна отвори ексклузивен објект во Црна Гора, поточно во Свети Стефан, во близина на Будва. Уреден во медитерански стил, со карактеристична мешавина на стакло и камен, Nobu Montenegro се наоѓа на самиот планински гребен, така да гостите имаат впечаток дека меѓу нив и небото е само бескрајното море. Ресторанот е отворен само за вечера, а романтичната атмосфера ја надополнуваат свеќите и фенерите во согласност со јадранскиот пејзаж.
Најпопуларните јадења на менито се Gof Sashimi Jalapeñ, Црниот бакалар со Yuzu Miso, Yuzu MisoSashimi, како и неизбежните суши.
Сопственоста на ресторанот, со кулинарскиот мајстор Nobu Matsuhisom ја дели актерот Robert De Niro и очекуваат да привлечат други познати личности кои ќе го најдат своето летно одморалиште на црногорското крајбрежје и на тој начин ќе ја зголемуват популарноста, на овој веќе познат луксузен ресторан.