Макси фустаните со цветен отисок во стилот на 70-тите години, ќе бидат еден од модните хитови во почетокот на оваа есен.
Еден од водечките модни трендови за оваа есен, сигурно ќе биде модата од седумдесетите и се што е поврзано со неа. Долгите макси фустани со цветен принт често се поврзуваат со летните фустани, но сепак, се идеални за првите есенски денови и изгледаат одлично во комбинација со бомбер јакните, топлите џемпери, полу чизмите и патики..
Всушност, тешко е да се најде нешто поудобно од женски долги фустани. Цветните фустани можете да комбинирате и со чизми со високи поттепици, а ако температурата дозволува, можете да ги носите и со балетките.
Есента ни носи и меки џемпери, а тие ќе бидат одличен додаток на макси фустаните. Ако макси фустаните со цветни обрасци ги носите на работа, ќе предложиме џемперот да го замениме со блејзер (дури и кариран принт доаѓа во обзир).
Погледнете неколку предлози кои ќе ве инспирираат, оваа есен изгледате заводливо во цветни макси фустани.