Француската модна куќа Chloe, ја претставува новата кампања за есен-зима 2017 година.
Моделите Birgit Kos и Luna Bijl се ѕвезди на новата кампања, а судејќи по фотографиите, колекцијата содржи блескави блузи, панталони со широки ногавици, фустани со принт и се разбира, аксесоари. Чист париски шик инспириран од 60-тите години на минатиот век, претставен преку модерните модели на фустани, очила за сонце и атрактивни чанти.
Во колекцијата доминираат земјани тонови како беж, кафената и смарагдно зелената боја, а се појавува и карираниот дизајн.