Познатиот модел Кејт Мос, уште еднаш ни ја покажа љубовта која ја чувствува кон светот на дизајнот …
Во соработка со англиската куќа за тапети de Gournay, оваа ѕвезда создаде гламурозна колекција на тапети, која беше претставена во нејзиниот дом во Лондон.
Оваа колекција настанала од инспирацијата на мистериозната светлина на самракот и фасцинацијата од анемомите, цвеќиња кои според грчката митологија, настанале од солзите на Афродита. Дизајнерски процес на колекцијата “Anemones in the light” настанала како резултат на интензивната соработка на топ моделот со креативниот директор на овој бренд.
“Сакам да ги гледам старите филмови со гламурозни купатила, во кои можете да ги видите раскошните фотељи. Моето купатило има една честерфилд фотеља и јас секогаш седам во неа, ” објаснува Кејт. “Во бањата имам и грамофон, па тука владее една удобна и забавна атмосфера, исполнета со прекрасни мириси”.
Погледнете и сами проценете, дали славната манекенка и топ модел, знае што работи кога станува збор за дизајнот.