Лондонската 02 Арена ќе биде домаќин на ретроспективна изложба посветена на легендарниот музичар Prince.
Изложбата насловена како “My Name Is Prince” ќе биде отворена на 27 октомври, а посетителите ќе имаат 3 недели можност, да ги посетат костимите со кои Prince ги одушевуваше на своите концерти, гитари, на рака нашишани стихови за неговите песни и лични предмети.
Најголемиот дел од изложените предмети доаѓаат од неговиот имот во Paisley Park, Minnesota. Еден од организаторите е и сестрата на Prince, Tyka Nelson, која вели дека е многу возбудена што ќе ги запознае неговите обожаватели.