Брендот кој ова лето ги освои сите плажи, кога станува збор за костими за капење, секако е La Revêche.
Lа Revêche доаѓа од Сицилија и може да се пофали со најдобрите костими за капење ова лето, рачно изработени на истото острово, од каде што доаѓаат.
Пастелните бои го обележуваат овој бренд, а она што ги прави различни од другите се богатите цветови, кои исто така го следат истиот спектар на бои.
Lа Revêche костимите за капење, се достапни во едноделна и дводелна варијанта. Едноделните, имаат целосно отворен грб со декорации кои се протегаат по работ на костимот.
Дводелни костими за капење доаѓаат со декорација на предниот дел на градите и се идеални за жени со помали гради, бидејќи го нагласат токму тој дел, а ако имате поголеми гради, одберете го оној со декорација на врвците за врзување околу вратот.
Сите вие кои веќе сте се вратиле од море и заслужените годишни одмори, овој костим за капење можете да го искористие на совршен начин, покажувајќи го новиот бронзен тен во комбинација со фармерки или здолниште.