Вообичаено, бојата на автомобилот може да биде скапа како нов автомобил, само кога е уникатна или кога станува збор за колекционерски примерок на некој богат шеик од Дубаи…
Сепак, скапоцените бои стануваат сè попопуларни и сега имаме шанса да го видиме зелениот Porsche 911 Turbo, чија боја чини речиси 100.000 долари! Оваа боја се вика Python Green Chromaflair и може да се види на генерацијата на Porsche 911 Turbo S 91.2, а дел е од пакетот Porsche Exclusive, кој беше побаран од анонимен купувач. Оваа скапоцена нијанса на боја чини точно 82.645 €.
Chromaflair бојата е достапна во нијанси на сина, златна и виолетова боја. Ако се процени според сликите на овој модел, оваа бисерно зелена боја се прелева во жолти тонови. Иако таа изгледа сосема убаво, не сме сигурни дека тоа е доволно да се оправда нејзината цена.
Ако знаете дека за малку поголем износ на пари можете да купите уште едно Порше, веруваме дека и самите ќе бидете уверени во нашите сомнежи.