Оваа преубава шик кујна е дизајнирана од дизајнерката Кетлин Вилсон и е толку атрактивна, што веднаш ќе ве инспирира да го преуредите вашиот ентериер.
Sидовите во кујната се покриени со бели мермерни плочки, додека паркетот е со дезен на рибја кост. Кујнските елементи се во боја, додека елементите се зачинети со рачки од месинг за елегантен изглед. Големото кујнско острово е одлично место за појадок и е дефинирано со две големи висечки ламби од месинг и бели бои, кои совршено се вклопуваат во дизајнот на мебелот.
Трпезаријата е старинска и рустична. Ратан столиците во комбинација со гломазната дрвена маса и гламурозниот кристален лустер над масата, јасно ја рефлектираат винтиџ атмосферата, која дизајнерката сакала да ја постигне.
За да се постигне еден автентичен рустикален стил, многу важни се деталите, како што се ретро санитаријата, садоперот од мермер и акценти, како што е цвеќето на прозорецот.
Столиците се обложени со материјали во праска боја кои дополнително го нагласуваат белото острово.