Ola Shekhtman е млада жена која пораснала во Сибир, а отсекогаш сакала да го истражува светот.
По посетата на Лондон и Сан Франциско заедно со нејзиниот сопруг, се преселиле во Њујорк. Со образование за изработка на накит, таа се запишала во училиште за изработка на 3d модели, за поуспешно креирање на сопствените уникатни прстени.
Прстените инспирирани од Париз почнала да ги продава во 2015 година, а досега дизајнирала повеќе од десетици прстени кои вклучуваат градови како Амстердам, Вашингтон, Њујорк и Бостон, а следните проекти ги вклучуваат Сиетл и Чикаго.
Ола ги преобразува главните елементи на градовите во прекрасни прстени. На секои неколку години, уметницата се преселува во друга метропола за да влезе во нови креативни идеи. За да ги обликува прстените, таа топи, пили, леми и полира метал.