Секој пат кога холандскиот дизајнер Марсел Вандерс ќе ги вмеша свои прсти во некој проект, знаеме дека во прашање е нешто многу добро. Еве ги доказите.
Новиот проект на кој беше ангажиран дизајнерот е декорација и стилизање на хотелот “Grand Portals”, кој припаѓа на хотелскиот синџир IBEROSTAR со 5 ѕвезди и се наоѓа на Балеарските Острови, поточно во Мајорка, Шпанија. Хотелот беше отворен во јули оваа година и е креиран само за возрасни. Наменет е за сите возрасни гости кои бараат совршено задоволство за нивниот одмор, во луксузна средина и со врвна услуга.
Хотелот има вкупно 66 соби, од кои 5 се апартмани кои се тематски апсолутно уникатни. Постојат 2 Naughty Suites, Stargazer Suite, Games Suite Heritage Suite и Spa Suite.
Кога ќе кажеме naughty – немирен, тука не значи некои навистина непријатни работи. Овој тип на апартман е наменет за сите оние кои уживаат во нивните страсти. Има кружен кревет, огледала на таванот, секси релаксиран стол дизајниран од Р. Хутен и нема да поверувате, шипка за плес. Па, нели кажавме, дека овој хотел е наменет само за возрасни!
Stargazet Suite е дизајниран за романтичарите кои сакаат да ја истражуваат вселената. Плафонот на апартманот е украсен со кристали на Сваровски кои имитираат ѕвездено небо, а во апартманот има и специјализиран телескоп за следење на спектакуларното небо над Мајорка.
Heritage Suite
Games Suit
Spa Suite