Марија Грација Кјури ја претстави својата втора колекција Haute Couture за Кристијан Диор.
Во неодамна објавениот краток филм кој ја најави новата колекција “Кристијан Диор во светот”, можевме да видиме архивски фотографии, слики на егзотични животни и мапи на светот. Во интервјуто за францускиот Vogue креативниот директор на женската линија на Диор рече, дека во потрага по инспирација повторно ја отвори темата за патување и мешање на културите, а се наврати и на архивите на француската куќа. Нејзината колекција е инспирирана и од нејзината работа на “Атлас на европските животни” на италијанскиот уметник Питер Руфо.
Во срцето на работата на 39-годишниот италијански сликар темата е слободата – тој истражува културни и политички идеологии, општествени и морални проблеми и теми од националноста. “Овие теми се во согласност со главната порака на обновената куќа Диор”, вели Кјури, “можеби, на овој начин, модерната жена може да се најде себе си и своето место во овој свет.
Колекцијата покажува навистина еклектичен микс: етнички мотиви, летни одела, фустани, азиски вез на свила и широки пантолони во духот Марлен Дитрих. Атмосферата на ревијата е дополнета со дрвени 3D-шаблони во форма на фигура на Африкански животни во природна големина.