Еве што треба да знаете за претстојното отворање на хотелот „The Ritz-Carlton Langkawi“ во октомври 2017 година.
Лангкави e најзначајната туристичка дестинација за одмор во Малазија, а наскоро ќе стане побогата за уште еден голем рекреативен комплекс на своите брегови, обезбедувајќи им на патниците дополнителен избор на луксузно сместување на ова тропско острово.
„The Ritz-Carlton Langkawi“ се наоѓа помеѓу прашума и приватни плажи, а ветува многу. За почеток, се наоѓа на 30 минути од градот Kuah и околу 10 минути возење од Лангкави аеродромот.
Главната инспирација за архитектурата на хотелот е традиционално село, во кое има вкупно 90 соби и 29 вили за гости. Покрај тоа, одморалиштето ќе има три базени, теретана, програма “Риц за деца” и спа центар. Хотелот располага со четири ресторани, вклучувајќи го и наградениот кинески ресторан кој нуди неверојатен поглед кон морето. Исто така, во рамките на одморалиштето се наоѓа приватен залив и плажа, која нуди директен пристап до познатите локации за ронење во зачудувачкиот архипелаг со диви острови во близина.
Риц-Карлтон Лангкави има за цел да ги исполни очекувањата на секој гостин и да му ја исполни желбата за авантури. Одморалиштето ќе понуди едрење во луксузни јахти, риболов, фасцинантни прошетки во џунглата и часови по Силат вежби на древните малезиски војници.