Новата кампања на славниот бренд Оскар де ла Рента, по прв пат е водена под креативната палка на новите дизајнери Лаура Ким и Фернанда Гарсија, која ни претставува елегантни модели, инспирирани од 50-тите години на минатиот век.
Италијанскиот модел Марија Карла Босконо се појавува во прекрасните тоалети кои се заштитен знак на куќата. Секој стајлинг е дополнително обогатен со луксузни аксесоари во вид на накит или клач чанти од зелена кроко кожа.
Кампањата ја фотографираше Тим Вокер, додека за стилизирање на прекрасната италијанка бил задолжен стилист Џејкоб К.
Вистина е дека дијајнерската двојка успеа да го прикаже уникатниот сензибилитет на дизајнерот, по кој беше препознатлив.