На повеќето луѓе, првиот утрински ритуал им е шоља кафе, но ако кафето на вас не делува онака како што би требало, веројатно го пиете во погрешно време.
Кафето е напиток без кој најголем број луѓе мислат дека не можат, освен за разбудување, честопати тоа време го користиме за да уживаме во првите моменти на денот кој е пред нас, но дали тоа навистина ќе ве разбуди, зависи во кои часови го пиете. Научниците тврдат дека најдобро време за консумирање кафе е помеѓу 9.30 и 11.30.
Човечкото тело поминува низ 24-часовен циклус, еден од циклусите е и будност, а на нивото на будност влијае хормонот кортизол. Колку кортизолот е повисок, толку сме ние побудни. Тој својот максимум го достигнува помеѓу 8 и 9 часот, така да кафето во тој период не ни е потребно.
Сем што кофеинот тогаш не ни е потребен, внесувајќи го се зголемува толеранцијата на него.