Новата кампања на брендот Карл Лагерфелд Париз за есен-зима 2017 година, ја прикажува манекенката Стела Максвел во сезонска облека, која е мешавина на европска елеганција со еден кул модерен твист.
Стела во новата кампања позира пред значајни знаменитости, како што е Ајфеловата кула. Лагерфелд ја гледа својата жена во шик парчиња, било да се работи за панталони, капути или кожни јакни.
Карл во новата кампања прикажува и модни додатоци во вид на торби, обувки, часовници и ешарпи. Колекцијата има доминантни препознатливи црно-бели комбинации, кои се тука и таму разбиени со некоја друга боја.
Клучните парчиња на колекцијата се естетски силни, исто како и креаторот кој ги потпишува.