Најновата реклама под името “Oddly IKEA” беше создадена за да се прикаже колекцијата на новите производи за спални соби.
Во рекламата на смирен и спокоен тон, женскиот глас полека ги објаснува сите производи од новата IKEA колекција. Совршено уредена и осветлена соба, полна со ИКЕА производи со пастелни бои кои делуваат спокојно, токму како и ASMR рекламата, која нуди релаксирачко чувство исполнето со пријатни звуци.