Што заедничко имаат модата и чајот?
Да речеме дека тие заедно ги споделуваат зборовите како елеганција, луксуз и божествена креација. Обидете се да ја замислите синергијата на овие две комбинации и добивате богата забава, која неодамна модниот бренд Булгари ја организираше во Риц Карлтон во Макао.
Двата луксузни бренда се здружија заедно во кампањата Edible Fashion, така да на сите познавачи им подготвија чајанка со неверојатно шопинг искуство.
Познатиот италијански бренд ги воодушеви сите со елегантниот сет за чај кој е инспириран од културата и историјата на Рим. Исто така, ова уникатно искуство беше збогатено со кулинарски специјалитети како што се домати палента, бурата со балсамик сос, маскарпоне сирење послужено со фстаци и малини, макаронс колачиња со син ликер Curacao … Со еден збор, тоа е искуство за сите сетила.
Клиентите кои ужива ова луксузна чајанка, на подарок добија уникатна мапа на Рим, која ја креираше финската уметница Lota Nijeminen за Bulgari.