Ако можете да се замислите во егзотичнична оаза во Тунис, додека ве занесуваат мирисите на цветовите од портокалите, тогаш вие престојувате во Нotel The Residence Tunis, кој е совршен за вас.
До луксузниот брег на азурното Средоземно Море, каде што некогаш се наоѓала античката Картагина, Хотел Residence Тунис ја комбинира сензуалната елеганција инспирирана од арапско-андалузиското наследство на Тунис со префинето гостопримство. Разбудете се во луксузот на софистицираност, поставен по должината на чистите и недопрени плажи.
Овој хотел ќе ве заведе со својата мешавина на бои во комбинација со смирувачките бели и беж тонови и употребата на благородни материјали, како дрвото. Во склоп на хотелот, сè е подредено на уживањето, така да е достапен и таласо спа центар, каде можете да уживате во вашето слободно време и да се релаксирате, како и терените за голф со 18 дупки.
Ова место се наоѓа во близина на кејот, емитува чиста медитеранска магија, каде удобноста и расположението на гостите се врвен приоритет на персоналот. Хотелот е изграден во арапско-андалузиски стил, има 155 соби и 9 апартмани на располагање.
Вистинска оаза во пустината, а хотелот има дури 6 ресторани, каде што на менито се различни специјалитети, подготвени да ги разгалат сетилата на најкаприциозните гости.