Кампањата за новиот парфем Pure XS, кој ни доаѓа потпишан од Paco Rabanne е интригантна и заводлива..
Португалскиот манекен Francisko Enrikes е заштитно лице на парфемот, кој е како што кажуваат, уникатна мешавина која ја развија мајсторите на парфемската алхемија -Ан Флип, Бруно Јованович и Каролин Думар.
Pure XS е мешавина од ѓумбир, темјан, цимет, ванила и кедар. Со цел да ја покажат сензуалноста на овој мирис, тие креираа реклама која е заводлива и смела подеднакво, колку и мирисната нота во шишето. Франциско се појавува во бањата каде соблекува апсолутно се од себе, додека тајно од другата соба го гледат група на девојки.
Всушност, погледнете ја и сами оваа реклама.