Компанијата VIVOBAREFOOT се спои со фирмата Sensoria за да ги произведат најпаметните чевли на светот. Комплетно опремени со неверојатните сензори x4200Hz и компјутер, кој може да снима и обработува податоци, спакувани во VIVOBAREFOOT ултра тенкиот ѓон од 5 мм.
Тие ги користат најдобрите сензори и брзина на обработка, со цел да се докаже дека повратните информации од вашите нозе до вашиот мозок, претставуваат основа на природното движење. Време е да ги пуштите вашите стопала природно да одат и да ја користат најмодерната технологија за да се докаже дека цело време стоите со двете нозе цврсто на земја.
Новите VIVOBAREFOOT паметни чевли, управувани од Sensoria системот, користат микроелектронски системи кои се во состојба да ја следат – во реално време – брзината, темпото, ритамот, GPS, техниката на одење, времето поминато на земја, силата на ударот и можната асиметрија и користење на прстите на стапалата. Тоа се важни мерки за следење на природниот начин на трчење и го намалуваат ризикот од повреди.