Италијанското студио Диорама ја трансформираше старата бакалница во Пуља, во бар и ресторан, со неодоливи тропски растенија, фламинго тапети и неонски палми …
Пред тоа, тие го дизајнираа ентериерот на Блум бар на плажата за истиот клиент, а среќниот сопственик побара од нив повторно да дизајнираат иста лежерна атмосфера во нов урбан простор, кој се наоѓа јужно од италијанскиот приморски град Молфета.
“Целта беше да се внесе сонцето, свежината и кул вибрациите од брегот до срцето на градот”, велат луѓето од ова студио, кои токму тоа го постигнаа со комбинирање на тропско влијание со префинета и традиционалните палета на материјали. Површините на брушен метал и дрвен мебел, совршено се вклопија со ботаничките тапети и додатоците направени од ратан, така заедно креираат естетиката на лежерен тропски шик.