Најголемиот дел од денот го поминуваме со часови на работа, (тажно, но вистинито), па затоа треба да вложиме време и напор во изнаоѓањето на облека која делува професионално. Иако е охрабрувачки да се вклучат соодветните трендови додека сте на работа во вашата канцеларија, но, поважно е да поседувате сигурни парчиња кои ја дефинираат вашата гардероба. Откријте ги овие шесте парчиња кои на секоја работна жена и се апсолутно неопходни, за да можете да бидете сигурни дека секогаш ќе изгледате прекрасно во канцеларијата.
Без разлика дали станува збор за класична кошула од бел поплин или со романтичен изглед, кошулата комбинирајте ја со миди здолниште, структурирана јакна и потпетици.
Прекрасен фустан што можете да го носите на работните состаноци и пост-работните часови на пијалок. Изберете миди должина.
Ништо не е посигурно од класично шик палто, кога треба да додадете одредена доза на сериозност. Верзијата со двојно закопчување е најсигурна и најпополарна во моментов.
Црните салонки се закон…кои секогаш мора да изгледаат средено, ако се постари, освежете ги.
Доколку фустаните и здолништата не се ваши омилени парчиња, елегантни панталони надополнети со сако и женствена блуза, ќе направат одлична деловна комбинација.