Францускиот бренд Balmain не престанува да нè изненадува со својите совршени кроеви, кои ги покажа во колекцијата за есен 2017 година.
Новиот lookbook наречен “Signature Balmain” , ја претстави облеката за преодната сезона. Во овој каталог има идеално кроени сакоа со карактеристичниот дезен Prens de gal. Овој дезен го доби името по кралот Едвард од Велс, кој прв го направи овој дизајн популарен. Prens de gal, најчесто се користи за производство на машки костуми, но и за женски одела и капути.
Balmain за преодната сезона го преферира овој дезен, како и уште еден друг – тартан, карактеристичната шкотска црвена шара. Кога овие материјали се поклопуваат со совршените кроеви на кои им се додадени златни или сребрени морнарски копчиња, резултатот е чисто совршенство. Оваа модна куќа, покажува како можете да ги комбинирате различните дезени, а тоа да не изгледа премногу тешко. Карираното Prens de gal сако, може да се носи со фармерки и салонки или во комбинација со здолниште.
Француската модна куќа даде и неколку предлози за мини фустани и панталони, кои се добар избор за преодната сезона.