Сладоледот е најпопуларниот летен десерт.
Разликата помеѓу gelato и сладолед, луѓето најчесто не ја знаат, или само мислат дека gelato е италијанското име за сладолед, што е точно, но сепак има важна разлика. За разлика од gelato, сладоледот мора да содржи најмалку 10% млечна маст и мора да се меша за време на замрзнувањето при што во мазната структура влегува воздух. Gelato содржи помалку млечни масти и помалку воздух, што влегува во него за време на замрзнувањето.
Исто такa има разлика во замрзнувањето, сладоледот се замрзнува на -18, а gelato само на -12 степени. Gelato, за разлика од сладоледот се прави само од природни намирници. Во почетната фаза, gelato навистина изгледа како сладолед, но со побавното мешање влегува помалку воздух, така да, резултатот е посочен и покремаст десерт.