Одлично опремениот Boeing 777-200LR, наречен Crystal Skye, неодамна се приклучи на големото семејство Crystal AirCruises, а своето официјално деби ќе го има во Лас Вегас на 12 август …
Овој прекрасен авион, всушност беше првиот авион за патувања со тури, кој е во приватна сопственост, а наменет е за изнајмување на луѓето кои сакаат да уживаат само во најдобрите работи. Во овој авион има простор за 88 патници. Што се однесува до софистицираната негова понуда, овој авион има најголем број на членови на екипаж на еден патник, а постојано може да лета 19,5 часа.
Готвачот ги шармира патниците со одлично приготвените јадења во две врвно опремени кујни, додека посебната листа на вина, со повеќе од 300 видови од подрумот на Crystal SkyeCellar, секој оброк, го подобрува.