Овој гостопримлив скандинавски стан се наоѓа во срцето на Гетеборг во Шведска, на третиот кат на многу интригантна зграда…
Поголемиот дел од оригиналниот шарм е сочуван за време на редизајнирањето на станот, а сопствениците ќе имаат можност да уживаат во високите тавани, квалитетните дрвени подови, бордурите, медалљоните и радијаторите од леано железо, кои се ретки.
Во ходникот на станот, ви посакуваат добредојде белите ѕидови и подови со нежни бои, кои ве водат до една убава дневна соба, која се отвора кон балконот, кој веднаш станува центар на вашето внимание.
Распоредот на кујната и трпезаријата е најдобар избор за оние кои сакаат да ги поканат своите пријатели на вечера и да уживаат во организирање на забави. Од малата тераса, гостите можат да уживаат со чаша вино во погледот на зајдисонцето и животната средина.
На другата страна на станот со тивок двор, се наоѓа главната спална соба, каде што атмосферата е тивка и мирна, идеална за релаксација. Собата е доста голема, така да огромниот кревет лесно си го нашол своето место во неа, со агол за читање и мала работна маса. На десната страна на ходникот е втората спална соба која исто така е со поглед на дворот.
Можеме слободно да кажеме дека овој стан е олицетворение на софистицираност и инспирација. Уживајте во фото галеријата!