Ако ја следите модата или сте фан на модерниот дизајн на ентериерот, тогаш треба да знаете дека холографскиот тренд, односно трендот во боите на виножито е популарен веќе некое време…
Оваа градација на бои, го мами вниманието и едноставно не ви дозволува да ја свртите главата – прво мора да уживате во нејзината магија и рафинирана естетика, да мечтаете за земјата на еднорогот, а дури потоа да продолжите по својот пат.
Доказ дека овој весел тренд не планира да не напушти туку така, е фактот дека тој се шири! Нови производи кои се појавија во светските познати бутици, како што се Zara и Urban Outfitters, се креирни токму во овој стил – како дел од својата линија на домашни декорации, овие брендови ни претставија прибор за јадење во нијансите на гривата на магичниот и митолошки еднорог.