Холандскиот бренд кој се занимава со производство на теписи, Carpet Sign, неодамна воспостави соработка со познатиот дизајнер Карим Рашид, а резултатот е серија од фантастични 3D теписи.
Колекцијата Lushсе се состои од 12 неверојатни дизајни, живописни бои, геометриски шари и заоблени форми. Резултатот е повеќе од фасцинантен – привлечни дизајни, кои лесно можат да го измамат вашето око.
Компанијата Carpet Sign, на почетокот на оваа година набави 3D машина, со која го прошири опсегот на своето производство, вклучувајќи ја и најновата колекција потпишана од Карим Рашид.
Површината на секој тепих има различна висина, што дава само поинаков впечаток на оптичката перцепција. Секој дизајн кој е во понудата е со 6 различни бои и три големини.