Beyonce која неодамна стана мајка на близнаци, неодамна исфрли на пазарот нова колекција на Ivy Park.
Во продажба дојде новата колекција за есен Ivy Park, четврта по ред, која Бијонсе ја започна во пролетта минатата година, под закрила на Topshop.
Колекцијата е темелно подготвена и има се што ви е потребно во меѓусезоната, кога станува збор за спортот. Таа содржи облека за затворен и отворен простор и за сите спортови, од трчање до пливање. Хеланки, патики, маици, капи, чорапи …
Бијонсе предлага, оваа облека да не ја чувате исклучиво само за вежбање, туку да ја инкорпорирате во секојдневниот изглед. Изборот на бои падна на типичните есенски, како сивата и црната боја, но и светло сината.