Што мислите за куќичка на вашето куче или мачка како палата во Версај?
Вашите миленици можеби ќе го засакаат дизајнот на француското студио Chateaux de la Pooch, кој нуди голема линија на луксузни кревети за вашите кучиња.
Екстравагантните куќички за миленици, отсекогаш биле привлечни меѓу кралските семејства во Франција во текот на 14 век. Белешките тврдат дека Марија Антоанета своите миленици ги размазувала со немилосрден луксуз. Овие модели даваат можност и вашето домашно милениче, исто така, да го размазите до бесвест.
Затоа, не е изненадување дека цените се кралски. Цената на овие куќички изнесуваат од 1175 долари до 2400 долари, колку што чини моделот од кожа.