Дали некогаш сте помислиле дека луксузниот мебел за вашиот дом може да биде инспириран од колачи?
Ние мора да признаеме дека нашите колачи никогаш не ни паднале на ум кога сме гледале екстравагантен и ексклузивен мебел. Иако ваквите линии, секако, ја карактеризираат инспирацијата за своите креации, никогаш не сме очекувале таа да доаѓа од колачите.
Една украинска компанија, StudioPINE, дизајнираше колекција на мебел наречена CAKE, соодветен наслов за ТОРТА. Линијата е серија на софи и фотелљи, кои се меки и обли, како торта.
Троседот има овална форма како и фотељите, а сите овие модели имаат и заокружување на наслоните за раце. Сјајната тубуларна хром база и ногарките на оваа колекција, се идеалн луксузен контраст на раскошниот зелен тапацир.