За сите луѓе кои сакаат специјално прилагоден суперавтомобил, кој дефинитивно ќе биде колекционерски примерок, комбиниран со совршени перформанси и најубава изработка во автомобилската индустрија, компанијата Pagani го претставува најдобриот избор…
Иако италијанскиот производител на автомобили во поголемиот дел се фокусираше со сите свои напори на моделите Huayra BC и Huayra Roadster, тие сепак продолжуваат со создавањето на уникатниот Zonda 760 автомобил, додека последниот доаѓа со името Fantasma Evo.
Како и другите модели Zonda 760, автомобилот содржи AMG V12 мотор со зафатнина од 7.3 литри и мотор со внатрешно согорување, добро за 760 КС.