Зборуваме за тоа колку дискриминацијата е лоша, колку сме ние против тоа, како ние никогаш не дискриминираме и размислуваме и дејствуваме со сосема отворен ум. Отворен кон нови идеали, кон себеподобрување, кон прифаќање на целиот свет онаков каков што е.
Но, мора да се запрашаме, дали ние не дискириминираме?
Дали сме ние сепак подобри од другите?
Дали применуваме двојни стандарди кон мажите и жените, очекувајќи тие да го прилагодат однесувањето според општествените дискриминирачки догми?
Погледнете ги илустрациите кои ги избравме внимателно, се со цел да демонстрираме едно однесување во ситуации, кое веќе требаше одамна да го надминеме.