Чевли никогаш доволно! Токму кога ќе помислите дека сте го набавиле долго очекуваниот модел, пристигнуваат свежи вести за чевлите Louboutin!
Нова, ексклузивна капсула колекција, потпишана од страна на познатиот бренд, доаѓа како резултат на соработката со онлајн шопинг платформата Moda Operandi. Колекцијата е инспирирана од костимите на францускиот суд од 18 век, а Louboutin создаде три дизајни на чевли со везени детали од сребро и злато.
Чевлите се рачно изработени и за изработка на секоја чевла посебно, требало 67 работни часови, во кој бил вклучен тим од 6 лица. Во понудата се балетанки, влечки и салонки.