Tалентиранaта Марија Грација Кири jа претстави својата втора колекција за модната луксузна куќа Диор…
На модната ревија, таа сите нејзини гости ги понесе во необична авантура инспирирана од патувањата и неповторливиот дизајн на Кристијан Диор. Ја одбележа работата на овој истакнат дизајнер и седемдесет годишнината на брендот, а беше инспирирана од илустрацијата на Алберт Декарис за 1953 година, која ја најде во архивите на модната куќа.
Дизајните презентирани од страна на Марија не потсетуваат на работата на Кристијан Диор. Таа својата љубов кон деталите ја вклучи на секое парче и креираше линија која зрачи со вибрации на четириесеттите и педесеттите години. Кога зборуваме за бои, таа си поигра со многу нијанси на сива боја, во која вметна црвена, жолта, маслинова, боја на шампањ и шарени везови.